Имаме потреба од лудост која од нас бара претпазливост, воздржаност, одмереност, рамнодушност. Претпазливост, да, но значи ли тоа стерилизација на нашите животи за да се избегне ризикот, по секоја цена? Воздржаност, да, но треба ли да се избегне искуството на „Консумацијата“ и на екстазата?
Рамнодушност, да, но треба ли да се откажеме од сите пријателски и љубовни врски?
Светот во кој живееме е, можеби, свет на привидености, пена на една подлабока реалност која времето бега од времето, во просторот на нашите чувства и на нашето разбирање. Но нашиот свет на поделби, на расфрланост, на префинетост е, исто така, свет на атракции, на средби, на восхит. Ние сме целосно нурнати во овој свет кој е свет на нашите страдања, на нашата среќа , на нашата љубов. Да не се почувствува и да не се избегне страдањето, но истотака, и насладата. Колку што сме погодени за среќата, толку повеќе сме погодени за несреќата.
Тап-тех-кинг вели: „Несреќата чекори рака под рака со среќата, среќата лежи покрај несреќата.“
Ние сме осудени на парадоксот да ја одржуваме во нас, истовремено, свеста и празнината на нашиот свет, и за полнотата што може да ни ја донесе животот, кога тој тоа ќе го сака или кога ќе може. Ако мудроста бара од нас да се оттргнеме од светот на животот, дали е таа навистина мудра? Ако се стремиме кон полнотијата на љубовта, дали сме навистина луди?
Ние ја препознаваме поезијата не само како начин на литературно изразување туку и како состојба, наречена состојба на вознес, која ни доаѓа од учеството, од страста, од восхитот, од заедницата, од пијанството, од занесот и, се разбира, од љубовта која ги содржи во себе сите изрази на состојбата на вознес. Поезијата е ослободена од митот и од разумот носејќи го истовремено во себе нивното единство. Поетската состојба не пренесува, преку лудост и мудрост, отаде лудоста и мудроста.
Љубовта е составен дел на поезијата и на животот. Поезијата е составен дел на љубовта и на животот. Љубовта и поезијата се создаваат една со друга.
Ако љубовта е највисок спој на мудроста и на лудоста, треба да ја прифатиме љубовта.
Ако љубовта ја надминува мудроста и љубовта, треба да се стремиме да ја живееме поетската состојба и да ја избегнеме прозата и да ги проголтаме нашите животи кои се, неизбежно, проткаени со проза и со поезија.
Мудроста може да ги проблематизира љубовта и поезијата, но љубовта и поезијата можат, реципрочно, да ја проблематизираат мудроста.
Ние треба да сториме се за да ја развиеме нашата рационалносст, но, во самиот тој развој, рационалноста ќе ги открие границите на разумот и ќе го овозможи дијалогот со ирационалноста.
Изливот на мудроста станува лудост, мудроста ја избегнува лудоста само ако се вмешува во лудоста на поезијата и на љубовта.
Нашето совремие се наоѓа во потрага по смислата . Но чувството не е вродено, не доаѓа надвор од нашите битија. Тоа испливува од чувството, од зближувањето, од љубовта. Смислата на поезијата и на љубовта е смислата на највозвишената особина на животот. Љубовта и поезијата кога се претопени како цел и начин на живеење, тие му даваат полнота на чувството „да се живее за да се живее!“
Е.Морен

No comments:
Post a Comment